ОПШТИНА ЦЕНТАР ПОЧНА СО УРИВАЊЕ НА ДИВИТЕ ТЕРАСИ, 16 КАФЕАНЏИИ СЕ ПРАВЕЛЕ НАУДРЕНИ

    ОПШТИНА ЦЕНТАР ПОЧНА СО УРИВАЊЕ НА ДИВИТЕ ТЕРАСИ, 16 КАФЕАНЏИИ СЕ ПРАВЕЛЕ НАУДРЕНИАкцијата почна со уривањето на новата тераса на улица Боемска во Дебар Маало - (Фото: СДК.МК)

    Општина Центар утрово почна со уривање на диви тераси на кафулиња, најмногу во Дебар Маало. Работници ангажирани од Општината прво почнаа со отстранување на нелегалната тераса на новото кафуле на Боемска улица, кое се протега до улицата Орце Николов. Соседите подолго време предупредуваа дека оваа тераса е нелегална бидејќи се гледа оти е цврста градба, но властите не преземаа ништо.

    Од Општината велат дека имаат издадено 16 решенија за уривање на летни тераси и сите една по една ќе се отстрануваат бидејќи тоа не го сториле сопствениците.

    “Сите објекти кои ќе се уриваат имаат отстапување од Правилникот за летни тераси. Најчесто имаа одобрение за на пример икс метри летна тераса, а зафаќаат двојно или тројно повеќе, притоа узурпираат јавен простор” , велат од Општина Центар.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари