ОПШТИНА ЦЕНТАР ПОДНЕСЕ ТУЖБА ЗА РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ СО ГРАФИЧКИ ЦЕНТАР ЗА ЗЕМЈИШТЕ КАЈ ФРАНЦУСКИ ГРОБИШТА

    ОПШТИНА ЦЕНТАР ПОДНЕСЕ ТУЖБА ЗА РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ СО ГРАФИЧКИ ЦЕНТАР ЗА ЗЕМЈИШТЕ КАЈ ФРАНЦУСКИ ГРОБИШТАПо преземање на предметите од Министерството за транспорт и врски, од страна на Општина Центар е утврдено дека е отворена стечајна постапка над купувачот Графички центар ДОО Скопје и следствено на тоа, поведена е судска постапка за раскинување на договорите; - Градоначалникот Саша Богдановиќ. (Фото: СДК.МК)

    Општина Центар преку Државното правобранителство поведе судска постапка за раскинување на договори за продажба на државно земјиште на Графички центар Скопје. Станува збор за парцели во близината на Француските гробишта, продадени на јавно наддавање на 10 декември 2013 за изградба на објект со намена култура.

    Станува збор за склучени договори помеѓу Министерството за транспорт и врски како отуѓувач и Трговското друштво за новинско издавачка дејност и графичко производство – Графички центар ДОО Скопје, како купувач.

    По преземање на предметите од Министерството за транспорт и врски, од страна на Општина Центар е утврдено дека е отворена стечајна постапка над купувачот Графички центар ДОО Скопје и следствено на тоа, поведена е судска постапка за раскинување на договорите, каде што по едниот и другиот договор, требало да биде изграден објект со намена В3 – култура,  согласно извод од ДУП Тетовска трошарина, донесен со одлука на 13 ноември 2012.

    „Како Општина Центар предлагаме, а јас како нејзин градоначалник апелирам прекин на извршната постапка, односно непреземање на извршни дејствија од страна на надлежниот извршител до целосно завршување на судските постапки, за да не ги загрозиме имотните права и интереси на Република Северна Македонија“, вели градоначалникот Саша Богдановиќ.

    Согласно последните проверки во судот, Општина Центар е известена дека тужбата е проследена до тужениот и се чека да се закаже рочиште по наведениот предмет.

    „Очекувам позитивен исход од постапките, кои ќе бидат во интерес на жителите на Општина Центар и граѓаните во Македонија“, додава Богдановиќ.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира