ОПШТИНА ВЕЛЕС БЕСПЛАТНО ПОДЕЛИ 1.380 КАНТИ ЗА ОТПАД, АКЦИЈАТА ЌЕ ТРАЕ ДОДЕКА ДОБИЕ СЕКОЕ СЕМЕЈСТВО

    ОПШТИНА ВЕЛЕС БЕСПЛАТНО ПОДЕЛИ 1.380 КАНТИ ЗА ОТПАД, АКЦИЈАТА ЌЕ ТРАЕ ДОДЕКА ДОБИЕ СЕКОЕ СЕМЕЈСТВООпштината годинава подели зелени канти за комунален и жолти за селектиран отпад од пластика и хартија, а акцијата ќе трае додека не добијат сите семејства во Велес. (Фото: СДК.МК)

    Годинешнава бесплатна распределба на корпите за отпад во Велес заврши со поделени 1.380 парчиња, за кои локалната власт обезбеди пари од општинскиот буџет во висина од 1,2 милиони денари. Оваа акција за делење на корпи за отпад започна во 2014 и ќе трае се додека не ги добијат сите семејства во градот.

    „Ги потсетуваме граѓаните дека се должни отпадот да го изнесуваат во добиените стандардизирани садови, а не во кофи и кеси. Комуналниот отпад се собира два пати седмично по однапред утврден распоред – реонизација на градот, а селектираниот отпад се собира во сабота, во реони по организиран распоред, за што граѓаните се уредно известени преку сметките за комунални услуги. Граѓаните треба да го почитуваат времето на изнесување на отпадот, локациите за складирање и да се грижат за јавната чистота“, велат од локалната власт.

    Се поделија зелени канти за комунален и жолти за селектиран отпад од пластика и хартија, со апел од Општина Велес совесно да се постапува со отпадот и да се селектира.

    П. ПЕЧКОВ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари