ОПШТИНА ВЕЛЕС УШТЕ НЕ ОДЛУЧИЛА ДАЛИ ЌЕ СЕ ИЗНАЈМУВА ИЛИ ЌЕ СЕ ПРОДАВА ДЕЛОВНИОТ ПРОСТОР ВО НОВИОТ ПОКРИЕН ГРАДСКИ ПАЗАР 

    ОПШТИНА ВЕЛЕС УШТЕ НЕ ОДЛУЧИЛА ДАЛИ ЌЕ СЕ ИЗНАЈМУВА ИЛИ ЌЕ СЕ ПРОДАВА ДЕЛОВНИОТ ПРОСТОР ВО НОВИОТ ПОКРИЕН ГРАДСКИ ПАЗАР На пазарот има 19 дуќани, деловни простории, канцеларии за вработените и два угостителски објекти, на вкупно 638 метри квадратни. (Фото: СДК.МК)

    На последната седница од Советот на Општина Велес, советникот Марјан Николов го праша градоначалникот Марко Колев што предвидува со деловниот простор од новиот покриен градски пазар, дали ќе се продава или ќе се изнајмува. Колев објасни дека Совет располага  со имотот на Општина Велес.

    „Одлука што е присутна  во јавноста ќе ја донесе Советот, тој располага со имотот, дали ќе го продава или ќе го изнајмува. Ако мене ме прашате јас би го изнајмувал, така ќе имаме постојано прилив на средства во буџетот и ќе можеме во следните 10 години да ги исплаќаме кредитот кој го земавме од Светска банка во висина од 30 милиони денари. Кога ќе го исплатиме, некои други советници ќе донесат одлука за продажба. Ако го продадеме, парите ќе се слеат и бргу ќе се потрошат за тековни активности. Повторувам, одлуката е на советниците, јас ќе предложам и вие ќе одлучите што со деловниот простор“, рече Колев.

    На пазарот има 19 дуќани, деловни простории, канцеларии за вработените и два угостителски објекти, на вкупно 638 метри квадратни. Покриениот градски пазар чинеше 84 милиони денари, 40 милиони од Владата, 30 милиони кредит од Светска банка, остатокот од општинскиот буџет.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира