ОПШТИНАТА САКА ДА ГО РЕДУЦИРА СООБРАЌАЈОТ ВО ЦЕНТАРОТ НА ОХРИД ЗА ДА ИМА ПОВЕЌЕ ПРОСТОР ЗА КОЛИТЕ НА ГОСТИТЕ

    ОПШТИНАТА САКА ДА ГО РЕДУЦИРА СООБРАЌАЈОТ ВО ЦЕНТАРОТ НА ОХРИД ЗА ДА ИМА ПОВЕЌЕ ПРОСТОР ЗА КОЛИТЕ НА ГОСТИТЕ„Но, намера ни е да го дестимулираме користењето на овој дел од страна на охриѓани, за да има повеќе простор за возила на гостите”, вели градоначалникот на Охрид Јован Стојановски (Фото: СДК.МК)

    Општина Охрид планира максимално да го редуцира сообраќајот во центарот на градот. Локалната власт ангажираше компанија која ќе изработи неколку идејни проекти за одвивање на сообраќајот во централното градско подрачје.

    „Тргнуваме од определбата дека сите имаат еднакви права за користење на просторот во центарот на градот. Но, намера ни е да го дестимулираме користењето на овој дел од страна на охриѓани, за да има повеќе простор за возила на гостите“, вели градоначалникот на Охрид Јован Стојановски.

    Идејните решенија предвидуваат организирање на еднонасочен сообраќај на одредени улици, поставување на мини кружни текови и велосипедски патеки.

    „Засега сè е во фаза на јавна расправа, а конечно решение ќе донесеме откако ќе се слушне мислењето на граѓаните, но и на сопствениците на угостителски објекти од центарот на градот“, велат од Општина Охрид.

    Во Охрид изминатава деценија во повеќе наврати беше најавувана изработка на сообраќаен проект, посебно во централното градско подрачје. Но, досега сè се сведуваше на ограничување на движење на возилата во одредени часови и тоа само во летниот период.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира