ОПШТИНИТЕ БИТОЛА И РЕСЕН НАБАВИЈА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА И СТАНИЦИ ЗА ПОЛНЕЊЕ ПРЕКУ ЕВРОПСКИ ФОНДОВИ

    ОПШТИНИТЕ БИТОЛА И РЕСЕН НАБАВИЈА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА И СТАНИЦИ ЗА ПОЛНЕЊЕ ПРЕКУ ЕВРОПСКИ ФОНДОВИВозилата беа паркирани пред Офицерскиот дом во Битола за завршната конферемција на проектот. (Фото: СДК.МК)

    По две возила од кои едното минибус, а другото автомобил на електричен погон и станица за полнење набавија Општините Битола и Ресен, како и две грчки општини преку проектот „Зелена интер-е-мобилност“ финансиран од ИПА програмата. Возилата ќе бидат користени за потребите на жителите во општините, а предност ќе им се дадена на лицата со попреченост, ученици, студенти.

    „Битола е единствената општина која едното од возилата го набави со специјалана опрема за луѓе со инвалидитет и се надевам дека ќе се искористат на вистински начин“, рече Димитрис Ќамитрос, вонредн професор на Факултетот за електротехника и компјутерски науки во Кожани, Грција и одговорно лице во проектот.

    Градоначалникот на Ресен Јован Тозиевски рече дека поставиле 20-киловатна фотоволтаична централа на општината зграда и набавиле две електрични возила.

    „Едното го користиме секојдневно за превоз до трезорската сметка, практично патуваме бесплатно секој ден, најмалку двапати дневно сме во Битола за потребите на Општината. Другото ќе опфати пет населени места и ќе го вклучиме во школскиот превоз. Ќе продолжиме во следните години со монтирање на вакви централи на другите јавни објекти, пожарна, училишта и уште една 20-киловатна станица на општинската зграда што во ваква енегретска криза многу значи“, рече Тозиевски.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира