ОРГАНИЗИРАНА ГРУПА НАМЕРНО РАСФРЛА ЃУБРЕ НИЗ СКОПЈЕ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ ЗУХРИ ЕНУЗ

    ОРГАНИЗИРАНА ГРУПА НАМЕРНО РАСФРЛА ЃУБРЕ НИЗ СКОПЈЕ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ ЗУХРИ ЕНУЗВчера во претпријатието стигнал анонимен видеоматеријал на кој се гледа како лица ги уништуваат контејнерите и со црни кеси истураат ѓубре низ градот.(Фото:Комунална хигиена)

    Низ Скопје организирана група намерно расфрла ѓубре и го валка градот, вели директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Зухри Енуз.

    Вчера во јавното претпријатие стигнал анонимен видеоматеријал, на кој се гледа како лица ги уништуваат контејнерите и со црни кеси истураат ѓубре низ градот.

    Морам да истакнам дека ваквото недолично однесување и уништување на јавниот имот го имаме забележано на неколку локации низ градот. Увидено е дека јавни површини што нашите екипи ги имаат исчистено веќе следниот ден се полни со нов отпад, што укажува на фактот дека расфрлањето на отпадот на тие локации се врши намерно во вечерните часови. Имаме информации дека станува збор за организирана група на поединци забележани неколку пати низ центарот на градот, како вршат расфрлање на отпад на различни локации“, вели директорот Енуз.

    Од претпријатието апелираат до граѓаните да пријавуваат секаков вид на недолично однесување на поединци што претставува непочитување на трудот на комуналните служби на Градот Скопје и заложбите за почиста и поздрава животна средина.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира