ОШТЕТЕНИ 10 ВОЗИЛА ВО ЕДНА ВЕЧЕР ВО БИТОЛА, ОД КОИ 7 ОД ЕКСПЛОЗИЈА

    ОШТЕТЕНИ 10 ВОЗИЛА ВО ЕДНА ВЕЧЕР ВО БИТОЛА, ОД КОИ 7 ОД ЕКСПЛОЗИЈАВо двата случаја нема повредени лица, само причинета е материјална штета, освен на возила и на објекти во опкружувањето. (Фото: СДК.МК)

    Десет патнички возила синоќа беа оштетени во Битола, од кои седум во експлозија од направа фрлена на улицата Охридска, а другите три опожарени од оган кој се проширил од запалена барака. Во двата случаја нема повредени лица, само причинета е материјална штета, освен на возила и на објекти во опкружувањето.

    Според СВР Битола, непознато лице синоќа околу два часот фрлило експлозивна направа на улицата Охридска во делот кој се наоѓа кај Дрвен Пазар, односно во градското јадро. Од експлозијата се оштетени седум паркирани возила „фолксваген”, „бмв”, „тојота”, „киа”, „рено” „матиз” и „тико”, сите со битолски регистарски ознаки . Има и помали оштетувања на прозорци и врати од околните куќи. Увидот во присуство и по насока на јавен обвинител го извршила увидната екипа на СВР Битола, при што се преземаат мерки за расчистување на настанот.

    Неофицијално, дознаваме дека во близина живеат полициски службеници.

    Другиот настан се случил  нешто по три часот, кога на улицата Борис Бастерот настанал пожар во барака и од огнот зафатил и три патнички возила „рено” и „цитроен” со битолски и „рено” со скопски регистарски ознаки. Пожарот бил локализиран од Територијалната противпожарна единица.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира