ОСМА ГОДИНА ПО РЕД СЕ НАМАЛУВА БРОЈОТ НА УЧЕНИЦИ ВО БИТОЛСКИТЕ ПАРАЛЕЛКИ

    ОСМА ГОДИНА ПО РЕД СЕ НАМАЛУВА БРОЈОТ НА УЧЕНИЦИ ВО БИТОЛСКИТЕ ПАРАЛЕЛКИВо Битола има паралелки со само 8 првачиња, а и други со 11 или 12 ученици. (Фото: СДК.МК)

    Осма година со ред, Советот на Општина Битола дава дозвола во основните и средни училишта да се формираат паралелки со помал број ученици од законскиот кој изнесува 24. Во училиштето „Гоце Делчев“, во строгиот центар на Битола, во прво одделение ќе има паралелки и со осум ученици. И во други централни училишта има паралелки кои ќе опстојуваат со 11 или 12 ученици.

    Уште полошо е во некои од подрачните улилишта, како во Цапари, каде во шесто одделение има само еден ученик, во седмо два, осмо четири. Исто така, намален е и бројот на ученици во средните улилишта, па дури и во некои дуални паралелки.

    Советниците од Општина Битола велат дека редовна пракса стана донесувањето на ваква одлука.

    „Редовна пракса се овие одлуки што ги носи Советот секоја година поради намалениот број на деца во основно и средно образование, за тоа сме свесни. Ваквите одлуки се носат секоја година во летниот прериод, пред почетокот на школската година“, рече Бојан Бојкоски, координатор на советниците од ВМРО-ДПМНЕ.

    Според Методија Илиекси од СДСМ, едната причина е намалениот наталитет, а другата тоа што учениците сакаат да учат во неколку средни училишта.

    Според Горан Велевски, во ситуацијата прсти меша и политиката.

    „Иако имаме малку деца треба да се направат нови паралеки со 10 до 12 ученици. Од една страна тоа е убаво, но од друга има политички аспект зашто локалната власт е приморана да ги изврши своите задачи за вработувања. И нормално ќе си постават свои кадри одделенски или по други предмети со цел да ја зголемат нивната кауза која е ветена“, рече Велевски.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира