ОТКАКО ПОЧНА ДА СЕ НАПЛАТУВА СО СМС, ВО ОХРИД ИМА И ПРЕМНОГУ МЕСТО ЗА ПАРКИРАЊЕ

    ОТКАКО ПОЧНА ДА СЕ НАПЛАТУВА СО СМС, ВО ОХРИД ИМА И ПРЕМНОГУ МЕСТО ЗА ПАРКИРАЊЕПаркирањето во Охрид на сите места чини 40 денари за еден час

    Откако на 2 јули почна да работи системот за СМС-наплата на паркинг, во Охрид има и повеќе од доволно слободни места за паркирање. Сега лесно и без нервози, гостите и охриѓани можат да се паркираат и во самиот центар на градот.

    „На корисниците на паркиралиштата им требаше малку време да се навикнат на наплатата преку СМС. Во сите улици каде што се врши наплата на овој начин има табли кои покажуваат како се прави тоа. Имаме и контролори кои им помагаат на возачите. Засега нема поголеми проблеми”, изјавија од ЈП „Билјанини Извори”, кое стопанисува со паркинзите.

    Во Охрид сега на сите паркиралишта еден час чини 40 денари: 30 денари е паркирањето, пет денари за испраќање на СМС-порака и уште пет за одјава на паркингот.

    Ова лето, Охрид ја спроведе најавата преку дестимулирање на охриѓани да ги паркираат своите возила во центарот, за да има повеќе места за гостите кои доаѓаат со свои автомобили.

    Во екот на сезоната, низ градот дневно се движат околу 20.000 возила.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира