ОТКАЖАН ВЕВЧАНСКИОТ КАРНЕВАЛ, ВАСИЛИЧАРСКИТЕ ПОВОРКИ ЌЕ МОРА ДА ГИ ПОЧИТУВААТ МЕРКИТЕ ЗА ЗАШТИТА ОД КОВИД-19

    ОТКАЖАН ВЕВЧАНСКИОТ КАРНЕВАЛ, ВАСИЛИЧАРСКИТЕ ПОВОРКИ ЌЕ МОРА ДА ГИ ПОЧИТУВААТ МЕРКИТЕ ЗА ЗАШТИТА ОД КОВИД-19Од Вевчанскиот карневал 2020. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Традиционалниот Вевчански карневал, една од најпознатите карневалски манифестации на Балканот стара колку и самото Вевчани, поради ковид пандемијата за првпат нема да се одржи. Вевчанци жалат бидејќи, како што велат, живеат за спектакуларната ноќ на карневалскиот настан со кој се слави доаѓањето на Новата година според стариот календар, 13 и 14 јануари.

    Без организација, гости, концерти, изложби и забави василичарските друштва сепак најавуваат дека ќе ја одбележат симболиката, преку маските на сатиричен начин да упатат силни пораки кон општеството и политичарите.

    „Општина Вевчани нема право да се меша во тоа дали ќе има поворки на василичарските друштва, меѓутоа ќе апелираме да нема групно собирање, да нема посети на домовите, да се запазат мерките што ги налага Комисијата за заразни болести. Сигурен сум дека ќе се применат тие мерки за да може да го славиме Свети Василиј онака како што сме го славеле со векови“, вели Сашо Јанкоски, градоначалник на Општина Вевчани.

    За големиот Вечански карневал вевчанци ги подготвуваат маските преку цела година, а се верува дека со нив се бркаат злите духови и се испраќа порака за бериќетна година. Оваа културна и туристичка атракција со години привлекуваше и до 10.000 посетители во Вевчани.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира