ОТКАЖАНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ГИ НАЛУТИ ВЕТЕРАНИТЕ ВО КУМАНОВО

    ОТКАЖАНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ГИ НАЛУТИ ВЕТЕРАНИТЕ ВО КУМАНОВОПрвпат се случува крводарителска акција да се откаже од Трансфузиологија оти имале доволно крв, велат воените ветарни од Куманово кои се подготвиле за акцијата (Фото: СДК.МК)

    Институтот за трансфузиона медицина од Скопје ги извиси воените ветерани од Куманово и им откажа крводарителска акција затоа што не им треба крв. Акцијата требало да се одржи на 2. мај откако била закажана на 15 април, но вчера стигнало известување дека се откажува од технички причини.

    „Првпат се случува крводарителска акција да се откаже од Трансфузиологија. Тоа е срамота, не дај боже да се случи некоја елемантарна непогода, поради технички причини да не може да се даде крв и да се спаси нечиј живот. Сакам да го искажам својот револт кон неодговорниот однос на Трансфузиологија, бидејќи два-три дена пред одржување на акцијата ни ја откажуваат поддршката. Ние ги направиваме сите подготовки, ги известивме крводарителите од Министерството за одбрана, АРМ, МВР и граѓаните и потрошивме пари за целата организација“, изјави секретарот на здружението.
    Киро Соларски.

    Од Црвен крст велат дека акцијата е одложена не само во Куманово, туку и во сите останати градови затоа што во моментот има резерва од 2.000 единици крв во Институтот за трансфузиологија. Акцијата е планирана и ќе се одржи во наредниот период кога ќе има потреба, поради што ги замолуваат ветераните да имаат разбирање бидејќи и крвта има рок на употреба и ако не се потроши ќе треба да се фрли што би било штета.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира