ОТСТРАНЕТ ЕКО БИЛБОРДОТ ВО ТЕТОВО, ПОДАРОК ОД ГЕРМАНИЈА ВРЕДЕН 25.000 ЕВРА, КОЈ СО ГОДИНИ БЕШЕ ИСУШЕН И ЗАПУШТЕН 

    ОТСТРАНЕТ ЕКО БИЛБОРДОТ ВО ТЕТОВО, ПОДАРОК ОД ГЕРМАНИЈА ВРЕДЕН 25.000 ЕВРА, КОЈ СО ГОДИНИ БЕШЕ ИСУШЕН И ЗАПУШТЕН Еко билбордот беше поставен во пролетта 2017 како донација од Германија преку невладината „Еко свест“. (Фото: СДК.МК)

    Општина Тетово го отстрани таканаречениот еко билборд или еко дрвото како што го нарекуваа, кое требаше да помогне во прочистувањето на загадениот воздух во градот. Еко билбордот беше поставен во пролетта 2017, како донација од Германија преку невладината еколошка организација „Еко свест“ и со парична помош од неколку фирми од Македонија. Чинeше околу 25.000 евра.

    Набрзо по поставувањето на еко билбордот во 2017, наместо да го прочистува воздухот тој стана цел на несовесните граѓани кои го крадеа специјалниот мов кој имаше улога да го прочистува воздухот. (Фото: СДК.МК)

    „Поради негрижа од претходната власт, еко дрвото со години стои исушено и веќе нема ефект врз подобрувањето на аерозагадувањето за што беше поставено. Поради тоа е одлучено истото да биде отстрането“, соопошти Службата за односи со јавноста на Општина Тетово.

    Германската амбасадорка Кристине Алтхаузер во март присуствуваше на пуштањето на ист таков еко билборд во центарот на Скопје, наречен „Градско дрво“. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Набрзо по поставувањето на еко билбордот во 2017, наместо да го прочистува воздухот тој стана цел на несовесните граѓани кои го крадеа специјалниот мов кој имаше улога да го прочистува воздухот. На ваквата негрижа се надоврза и јавното претпријатие кое покажа голема неодговорност кон неговото одржување и дозволи остатокот од мовта да се исуши.

    После извесен период, „Еко свест“ направи уште еден напор и го ревитализира еко билбордот. Беа донесени нови садници од специјалниот мов, но и ова не траеше долго. Повторно садниците беа крадени, преостанатиот мов, поради негрижа, се исуши. После ова, сите дигнаа раце од еко билбордот. Во наредните неколку години тој стоеше во центарот на градот и служеше повеќе како место каде граѓаните фрлаа отпадоци.

    Ваков билборд освен во Тетово беше поставен и во Скопје, но и тој, поради негрижата на надлежните, се исуши и е отстранет од местото каде беше поставен.

    З. АНДОНОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира