ОВА ГО НЕМА НИ ВО АФРИКА, ВЕЛИ КАНДИДАТОТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ШТИП СО НИГЕРИСКО ПОТЕКЛО СИМОН ПОЛИКАРП-ЏИМИ ОТКАКО БЕА СКИНАТИ НЕГОВИТЕ ПЛАКАТИ

    ОВА ГО НЕМА НИ ВО АФРИКА, ВЕЛИ КАНДИДАТОТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ШТИП СО НИГЕРИСКО ПОТЕКЛО СИМОН ПОЛИКАРП-ЏИМИ ОТКАКО БЕА СКИНАТИ НЕГОВИТЕ ПЛАКАТИПреку ноќ се искинати сите плакати на кандидатот за градоначалник со нигериско потекло Симон Поликарп-Џими. (Фото: СДК.МК)

    Три дена пред изборите за градоначалник на Штип, искинати се плакати на кандидатот со нигериоско потекло Симон Поликарп-Џими, предложен под партијата Интегра. Речиси сите плакати поставени на зидот на градскиот стадион во Штип се искинати.

    „Не можам да кажам зошто и кој се одлучил на еден ваков вандализам. Со никого не сум се скарал, напротив, со сите живеам и ги почитувам. Но, можам да речам дека вака не се гради демократија. Ова го нема ни во Африка“, кратко одговори Поликарп, кој во Македонија живее речиси 40 години откако во студиска размена дојде од Нигерија.

    Покрај Поликарп, кој е и свештено лице и е претставник на една христијанска хуманитарна организација, во трката за градоначалник в недела конкурираат и еден доктор, еден полицаец, еден музичар и еден рудар-геолог.  Докторот по кардиологија Сашко Николов е кандидат на СДСМ, полицаецот Гоце Ангелов е предложен од коалицијата „Во наши раце“, музичарот Лазар Наумов од ТМРО и геологот Трајче Митев како независен кандидат. Мандатот на новиот градоначалник ќе трае до октомври 2021, кога треба да се одржат редовните локални избори.

    За овие предвремени избори за градоначалник на Штип, поради заминувањето на Благој Бочварски за министер за транспорт и врски, најголемата опозиција ВМРО-ДПМНЕ не предложи свој кандидат барајќи овие избори поради коронакризата да се одложат.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира