ОВЧАРИТЕ НАЈАВИЈА ПРОТЕСТ ОТИ УШТЕ НЕ ГИ ДОБИЛЕ СУБВЕНЦИИТЕ ЗА МИНАТАТА ГОДИНА

    ОВЧАРИТЕ НАЈАВИЈА ПРОТЕСТ ОТИ УШТЕ НЕ ГИ ДОБИЛЕ СУБВЕНЦИИТЕ ЗА МИНАТАТА ГОДИНАЗаконскиот рок за исплата на ланските субвенции беше крајот на јуни. (Фото: СДК.МК)

    Сточарите кои одгледуваат овци се незадоволни оти уште не ги добиле субвенциите за 2021 година и ако сите рокови за исплата се поминати . Велат дека им било ветено субвенциите да го добијат до крајот на март, но ништо од ветувањето, а законскиот рок бил крајот на јуни. Поради тоа најавуваат дека ќе протестираат.

    „Рокот за исплата на субвенциите за ланската година заврши на крајот од јуни. Сè уште немаме ниту денар субвенции. Сега кога најавивме дека ќе имаме протест, почнале да пуштаат, некои овчари добија, но нивниот број е мал. Нека излезат и кажат, пари нема, ќе разбереме. Знаеме каква е ситуацијата“, вели Митко Јанков од здружението „Агро центар“ од Велес.

    Овчарите се жалат дека не ги добиле парите за лани, а летово кога треба да се обезбеди храна за овците за наредната зима морале да се заборчуваат за да обезбедат средства за набавка на жито,.

    „Житото се собра, пченица, јачмен, пченката привршува. Ние немаме пари да купиме. Државата ни ги чува парите. А министерот Љупчо Николовски се фали дека ќе започнело авансно да се исплаќаат пари, ние ланските не сме ги земале уште“, додава Јанков.

    Според него, годишно бројката на грло овци се намалува годишно за 100-150 илјади, поради негрижата на државата за оваа гранка на сточарството. Ако во Македонија пред 30 години се одгледувале 2-3 милиони, денес имало околу 400 илјади грла овци.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира