ПАДНА ПАРЧЕ ОД БАРОКНАТА ФАСАДА НА УЛИЦА МАКЕДОНИЈА, ОД ГРАД СКОПЈЕ ВЕЛАТ СТАНАРИТЕ САМИ ДА СИ ЈА ПОПРАВАТ

    ПАДНА ПАРЧЕ ОД БАРОКНАТА ФАСАДА НА УЛИЦА МАКЕДОНИЈА, ОД ГРАД СКОПЈЕ ВЕЛАТ СТАНАРИТЕ САМИ ДА СИ ЈА ПОПРАВАТВо инцидентот никој не бил повреден. (Фото: СДК.МК)

    Утрово падна парче од барокната фасада на улица Македонија во центарот на Скопје. Кусо време откако САКАМДАКАЖАМ.МК  објави дека парчиња од фасадата висат и се опасност за минувачите, парче се одлепи и падна на плочникот.

    Во инцидентот никој не бил повреден.

    Од Град Скопје, кој ги реновираше фасадите во рамките на проектот „Скопје 2014“,  велат дека се ненадлежни за нивно одржување и дека станарите треба да ги санираат.

    „За реновираните фасади на згради на улица Македонија кое го вршел Град Скопје кога градоначалник бил Коце Трајановски, а во рамките на проектот ‘Скопје 2014‘ за кој Владата во тоа време наменила средства, а кои се на објекти во туѓа сопственост, Град Скопје нема обврска ниту договор за одржување. За истото неопходно е да се обратите кај сопствениците на објектите“, велат од Град Скопје.

    И од Општина Центар под чија надлежност е улицата рекоа дека се ненадлежни за овој проблем.

    Фасадите во центарот на Скопје, кои претходно беа во духот на модерната архитектура, се реновираа во неокласичен стил во рамките на проектот „Скопје 2014“ за кој владата на Никола Груевски потроши 700 милиони евра. Реновирањето на десетина згради го вршеше Град Скопје кога градоначалник беше Коце Трајановски, при што се потрошени речиси 14 милиони евра.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира