Пред околу два часа избувна голем пожар на охридскиот брег кај некогашниот автокамп „Андон Дуков“. Според првичните информации, горат нискостеблести растенија, но и големи дрва кои ги има на овој дел од брегот.
На терен се две противпожарни возила на охридската противпожарна единица која прави напори да ја локализира огнената стихија, која им се заканува и на блиските објекти.
На охридско-струшкиот брег пожари има речиси секојдневно од почетокот на годинава. Мешовитите патроли на СВР-Охрид и на шумската полиција веќе фатија неколку пиромани, но тие и натаму делуваат.
Д. ЧУБРИЌ