ПАК ТРУЕЊЕ СО ХРАНА ВО ФАБРИКАТА ЛЕАР ВО ТЕТОВО

    ПАК ТРУЕЊЕ СО ХРАНА ВО ФАБРИКАТА ЛЕАР ВО ТЕТОВООва е втор случај на труење со храна во тетовската фабрика ЛЕАР за нецели четири месеци.

    Изутринава околу 10.30 часот, 23 лица од фабриката ЛЕАР во Тетово побарале медицинска помош во Клиничката болница во Тетово поради симптоми на труење. Од нив 15 биле третирани во инфективното одделение на 8 лица во итната медицинска помош на тетовската клиничка болница.

    „Некаде кај 10,30 часот изутринава примивме 23 лица со симптоми на труење. Сите ги третиравме амбулантски а потоа сите се пуштени дома. Според клиничката слика што ја забележавме кај лицата, се сомневаме дека труењето настанало од храна. Нема тешки случаи, сите пациенти беа со благи симптоми на труење. Во меѓувреме не сме регистрирале нови случаеви на труење, а во фабриката се преземени мерки повеќе да не се дава од храната која ја консумирале изутрината. Јас очекувам да нема нови случаи“ изјави Халил Исмаили начелник на инфективното одделение при Клиничкиот центар во Тетово.
    Со идентични информации се огласија и од Министерството за здравство.

    Според неофицијалните сознанија труењето најверојатно настанало од консумирање на салама или патшета кои за време на доручекот им биле дадени на работниците.
    На 31 март оваа година во фабриката ЛЕАР која се наоѓа во технолошко индустриската зона Тетово, се случи масовно труење со храна кога медицинска помош побараа 220 работници од оваа фабрика. Дел од нив беа со потешки смптоми на труење и беа задржани во болницата за натамошно лекување. Подоцнежната истрага утврди дека и тогаш причината за труењето била консумирање на неисправна храна која им била дадена на работниците за вечера.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира