ПАЛМИТЕ ВО ОХРИД ЌЕ СЕ КОРНАТ, ЌЕ СЕ САДАТ ЈАПОНСКИ ЦРЕШИ ИЛИ ВРБИ

    ПАЛМИТЕ ВО ОХРИД ЌЕ СЕ КОРНАТ, ЌЕ СЕ САДАТ ЈАПОНСКИ ЦРЕШИ ИЛИ ВРБИВо Охрид беа засадени над 200 палми, од кои што поголемиот дел се исушија и покрај тоа што беа покривани со специјлни заштитни платна. (Фото: СДК.МК)

    Палмите на охридскиот кеј, од кои што дел се веќе исушени, ќе се корнат, а на нивно место ќе бидат засадени јапонски цреши или врби, велат во „Охридски Комуналец”. Се чека одлуката на новоформираната општинска комисија која што деновиве треба да одлучи кои дрва ќе бидат искорнати.

    „Ние немаме намера зимава да ги покриваме палмите на кејот, бидејќи тоа е во надлежност на Македонски шуми. Се покажа дека тие не се автохтони дрва за нашето поднебје и затоа доживеаја таква судбина да се сушат поради студот. Размислуваме покрај градскиот кеј и на други места да посадиме јапонски цреши или врби. Тоа треба да го одлучи новата општинска комисија”, ни изјави Љупчо Грдановски, директор на „Охриски Комуналец”.

    „Охридски Комуналец” веќе почна со замена на некои дрва на булеварот Туристичка. Пред извесно време беа засадени 160 садници на јасен и јавор. Потрошени беа околу еден милион денари за нивна набавка.

    Во Охрид, во рамки на кампањата на Владата на Никола Груевски за садење палми, преку ЈП „Македонски шуми“ години беа засадени над 200 палми во градот на источното крајбрежје околу хотелоте, од кои што поголемиот дел се исушија и покрај тоа што беа покривани со специјални заштитни платна.

    Јавното претријатие „Македонски шуми“ за набавка на 1.100 палми потроши скоро пола милион евра.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира