ПАМП ТРАК ПОЛИГОН И ВО ВТОРИОТ ДЕЛ ОД ГРАДСКИОТ ПАРК ВО СКОПЈЕ

    ПАМП ТРАК ПОЛИГОН И ВО ВТОРИОТ ДЕЛ ОД ГРАДСКИОТ ПАРК ВО СКОПЈЕЕкипите на јавните претпријатија „Улици и патишта“ и „Паркови и зеленило“ деновиве завршија со изведбата на адреналинската патека, уреден е просторот околу со ново зеленило, клупи и урбана опрема.(Фото: ЈП „Паркови и зеленило“)

    На крајот на вториот дел од Градскиот парк, зад бараките на ЈП „Паркови и зеленило“, Град Скопје изведе уште еден памп трак полигон. Екипите на јавните претпријатија „Улици и патишта“ и „Паркови и зеленило“ деновиве завршија со изведбата на адреналинската патека, уреден е просторот околу со ново зеленило, клупи и урбана опрема.

    „Ова е втор памп трак полигон во Скопје. Откако увидовме дека првиот што го направивме летоска кај Олимписки базен секој ден беше полн со посетители, решивме и во овој дел од градот да направиме една ваква адреналинска патека за забава. Со изведбата на тартан патеката есеноска и сега на памп тракот, внесовме нови содржини во вториот дел од Градскиот парк, за да биде поатрактивен за посетителите“, велат од Град Скопје.

    А. АНТЕВСКА

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари