ПАРИТЕ ОД ДРЖАВАТА НЕ СЕ ДОВОЛНИ ЗА РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО ДОМУВАЊЕ НА РОМИТЕ, ПА СЕ БАРААТ СРЕДСТВА ОД ЕУ ПРОЕКТИ

    ПАРИТЕ ОД ДРЖАВАТА НЕ СЕ ДОВОЛНИ ЗА РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО ДОМУВАЊЕ НА РОМИТЕ, ПА СЕ БАРААТ СРЕДСТВА ОД ЕУ ПРОЕКТИВо населбата Баир има куќи чии градби се небезбедни и чија конструкција е во лоша состојба. (Фото: СДК.МК)

    Од сите приориотетни области од страегијата за Ромите, домување е најтешко за реализирање бидејќи се потребни најмногу пари, рече Абера Камбери одговорна во Министерството за труд и социјална политика за координирање на активностите за имплементацијата на стратегијата и националните акциони планови за Ромите. Таа присуствуваше на завршната конференција на проектот „Баир- Здружена акција за вклучување на Ромите“ преку кој се направија сериозни обиди да се подобри домувањето во битолската населба Баир.

    „Од финансиските средства што ги одделува Владата преку Министерството за транспорт и врски, не може да се задоволат сите потреби на ромската заедница зашто сме свесни во каква ситуација е домувањето на овие граѓани. Затоа ние како ресорно Министерство преку ИПА проектите и ЕУ Делегацијата се обидувавме наназад неколку години и добиваме финансиски средства за подобрување на домувањето на ромската заедница. Ова е прв проект преку ИПА и се надевам дека нема да биде последен бидејќи се обидуваме да ги легализираме ромските населби во Битола, да се реновираат куќите во кои живеат Ромите. Се надевеме дека сѐ што се реализира досега ќе продолжи со следниот проект на ИПА овозможен следната година“, рече Камбери.

    Климентина Ѓорѓиоска, проектна менаџерка на „Баир – Здружена акција на Битола за вклучување Ромите“ рече дека со проектот се изработени 12 влезни студии за Генералниот урбанистички план, три детални урбанистички планови за површина од 30 хектари, што значи опфат на населбата Баир во урбанистички рамки за првпат по 25 години. Реновирани се 26 објекти, набавен камион за дигање смет во населбата, 50 објекти се легализираа. Но, порача дека активностите треба да продолжат во континуитет помогнати од сите одговорни субјекти.

    „Постојат уште системски проблеми што не се надминати. Има домаќинства чии градби се небезбедни и чија конструкција е во лоша состојба. Потребен е системски структуриран пристап и конзистентен за да може да се решаваат и вклученост на сите страни. Потребен е континуитет за да може она што ние го поставувме како оска на решавање на работите да има поголем напредок. И кога НВО секторот не е тука да ги влечи конците, другите чинители треба да продолжат со активности“, рече Ѓорѓиоска.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира