ПАРК СО ИГРАЛИШТА, СКЕЈТ ПАРК И АДРЕНАЛИНСКИ ПАТЕКИ ПОЧНА ДА ГРАДИ ОПШТИНА КАРПОШ НА КЕЈОТ НА ВАРДАР

    ПАРК СО ИГРАЛИШТА, СКЕЈТ ПАРК И АДРЕНАЛИНСКИ ПАТЕКИ ПОЧНА ДА ГРАДИ ОПШТИНА КАРПОШ НА КЕЈОТ НА ВАРДАРПаркот ќе има ново, уредено зеленило на површина од 4.000 метри квадратни, 120 нови дрвја, детско игралиште, фудбалско игралиште на песок со трибини, одбојкарско игралиште на песок со трибини, скејт парк, адреналински содржини. (Фото: Општина Карпош)

    Зад карпата за планинарање на кејот на реката Вардар во Скопје, Општина Карпош почна со изградба на спортско–адреналинскиот парк. Паркот ќе зафаќа површина од 10.000 метри квадратни. Ќе има ново, уредено зеленило на површина од 4.000 метри квадратни, 120 нови дрвја, како и детско игралиште, фудбалско игралиште на песок со трибини, одбојкарско игралиште на песок со трибини, скејт парк, адреналински содржини, а оваа целина ќе биде заокружена со сквер што ќе се простира на површина од 140 метри квадратни.

    „Оваа зелена, спортско-рекреативна зона ќе се надоврзува на големиот парк, до бунарите на реката Лепенец. По завршувањето на спортско-адреналинскиот парк, се фокусираме на уредување на јавниот простор до бунарите на реката Лепенец. Како трајна придобивка е целосното разубавување на овој потег, конечното решавање на деценискиот проблем со создавање на диви депонии и палење огнови на отворено“, вели градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев.

    Средствата за изградба на паркот се ебезбедени преку грант од Европската унија во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност. Грантот е околу 620.000 евра, а од буџетот на Општината за реализација на проектот се одвоени околу 80.000 евра

    Паркот ќе биде готов до јуни вгодина, кажа Богоев.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира