ПАРКИНГ Е ЦЕЛА БОЕМСКА УЛИЦА ВО СКОПСКО ДЕБАР МААЛО

    ПАРКИНГ Е ЦЕЛА БОЕМСКА УЛИЦА ВО СКОПСКО ДЕБАР МААЛОНикаде нема пајак служба да ги подигне непрописно паркираните возила. (Фото: СДК.МК)

    Боемската улица во скопско Дебар Маало е претворена во паркинг. Поради градежни работи на улицата Орце Николов, Боемската улица е затворена за сообраќај, па коли се паркирани насекаде. Хаосот дополнително се зголеми вечерва поради фудбалскиот натпревар Македонија-Германија.

    (Фото: СДК.МК)

    Во делот кај крстосницата со Орце Николов ставен е знак со кој се спречува движење, но таков знак нема на влезот со кој ќе се забрани влегување на возила. Низ целата улица има градежни материјали и опрема, а од паркираните коли нема простор за движење на пешаците.

    Никаде нема пајак служба да ги подигне непрописно паркираните возила.

    Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ вели дека бил поставен знак и на почетокот на улицата, но најверојатно некој го тргнал, па затоа возилата слободно си влегуваат и се паркираат.

    Изградбата на Боемската улица во Дебар Маало чинеше 1.1 милион евра, но откако се пуштени обете улици, во 2014 односно 2016, тие се целосно узурпирани од колите и од кафеаните.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира