ПАРКИНГОТ НА КЛИНИЧКИ НЕМА ДА БИДЕ ДВОЈНО ПОСКАП КОГА Е ЗАГАДЕНО, ШИЛЕГОВ ПРИЗНА ДЕКА НАПРАВИЛ ПРОПУСТ

    ПАРКИНГОТ НА КЛИНИЧКИ НЕМА ДА БИДЕ ДВОЈНО ПОСКАП КОГА Е ЗАГАДЕНО, ШИЛЕГОВ ПРИЗНА ДЕКА НАПРАВИЛ ПРОПУСТНа предлог на Шилегов, со одлука на Советот на Град Скопје, паркингот на Клинички центар треба да биде изземен од мерката за двојно поскап паркинг кога е големо загадувањето. - Од кругот на Клинички центар (Фото: СДК.МК)

    Град Скопје ќе ја смени одлуката за паркингот на Клинички центар паркирањето да е двојно поскап кога е загадено.

    Градоначалникот Петре Шилегов рече дека на утрешната седница на Советот на Град Скопје ќе предложи да се смени одлуката која беше донесена по негов предлог. Шилегов признава дека направиле пропуст кога ја донесоа одлуката со која и на паркингот кај Клинички денес и вчера се плаќа двојно повисока цена.

    Со одлука на Советот на Град Скопје, паркингот на Клинички центар треба да биде изземен од мерката за двојно поскап паркинг кога е големо загадувањето.

    „Ги увидовме пропустите и многу бргу реагираме. Не викам дека идеално ќе ги предвидиме сите работи, тоа е невозможно, но важно е дека брзо реагираме и ги поправаме“, рече Шилегов на денешната прес-конференција.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира