„ПАРКИНЗИ ЦЕНТАР“ СО НОВА МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА ЗА ПЛАЌАЊЕ ПАРКИНГ И СОБИРАЊЕ ПАРИ ОД СЕЛЕКЦИЈА НА ПЛАСТИКА

    „ПАРКИНЗИ ЦЕНТАР“ СО НОВА МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА ЗА ПЛАЌАЊЕ ПАРКИНГ И СОБИРАЊЕ ПАРИ ОД СЕЛЕКЦИЈА НА ПЛАСТИКАСо првото преземање на апликацијата сите корисници ќе добијат 2 часа бесплатен паркинг. (Фото: ПОЦ)

    ЈП „Паркинзи Општина Центар“ ја пушти во употреба новата мобилна апликација преку која освен што ќе може да се плати паркинг и да се извадат месечни картички, се собираат и пари од селекцијата на пластични шишиња. Најголем новитет на апликацијата е „Грин пеј“ паричникот кој ќе им овозможи на корисниците на „Грин пеј“ платежната картичка да вршат трансфер на средства во зелената мрежа во реално време, надополнување на картичката од други платежни картички, увид на секоја трансакција и детален преглед на остварени средства при рециклирање на пластикомати.

    Со мобилната апликација, граѓаните ќе можат да плаќаат преку мобилен телефон со парите собрани под селекцијата на пластика во апаратите поставени низ општината.

    „Во изминатиот период со проектот ‘И отпадот има вредност‘ воведовме многу новитети за жителите на Општина Центар кои ги проширија услугите кои ги нуди претпријатието. За таа цел неизбежно беше да се направи нова верзија на апликацијата која ќе им овозможи на корисниците брзо, лесно и едноставно користење на сите наши услуги. Со новиот апдејт ги поправивме сите багови од старата верзија на апликацијата  и воведовме многу нови функционалности. Ние нема да застанеме тука, ќе продолжиме континуирано да работиме на развојот на апликацијата“, вели Васко Кичевски, директор на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“.

    Преку апликација освен услугите на претпријатие граѓаните можат да пријавуваат оштетена урбана опрема на територија на Општина Центар со прикачување на фотографија.

    Веќе од денес, апликацијата е достапна и на англиски јазик со цел странските граѓани да имаат можност непречено да ги користат онлајн услугите на претпријатието. Со првото преземање на апликацијата сите корисници ќе добијат 2 часа бесплатен паркинг, додека жителите на Општина Центар ќе добијат 30 часа бесплатен паркинг во гостинскиот пакет на „Грин пеј“ картичката.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира