Пациентите кои се упатуваат на кожната амбуланта во Велес, за да влезат на преглед чекаат на отворено. Деновиве кога температурите осетно се симнаа тие се приморани да стојат пред вратата, додека да бидат прегледани. За ваквата состојба тие реагираа и бараат соодветни услови додека чекаат. Директорот Димитар Стровјаноски врели дека ова е времено решение.
„Стоиме на отворено, нема каде да чекаме додека дојдеме за преглед. Згора на тоа се нарушува приватноста, амбулантата е на влезот во Болницата и сите кои доаѓаат во оваа институција знаат каде и што чекаме, за кој лекар. Како помош ни се понудени пластични столици да не стоиме“, велат пациентите.
Вака е од мај, кога кожната амбуланта се премести од Здравствениот дом во центарот на Велес во кругот на Болницата.
„Со преместувањето на интерната амбуланта на приземјето, ќе се отвори можност кожната амбуланта да се пресели на местото каде сега е интерната амбуланта“, вели директорот д-р Стровјаноски, но не прецизира термин за преселбата.
П. ПЕЧКОВ