ПЕНЗИОНЕРИ ОД ЗДРУЖЕНИЈАТА ВО ШТИП, СВЕТИ НИКОЛЕ И КОЧАНИ БАРААТ ОСТАВКА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА СОЈУЗОТ НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

    ПЕНЗИОНЕРИ ОД ЗДРУЖЕНИЈАТА ВО ШТИП, СВЕТИ НИКОЛЕ И КОЧАНИ БАРААТ ОСТАВКА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА СОЈУЗОТ НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ НА МАКЕДОНИЈАПензионерите во Штип најавија собир во Скопје за 3 септември. (Фото: СДК.МК)

    Пензионери од Здруженијата во Штип, Свети Николе и Кочани денеска од Штип побараа оставка на претседателката на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, Станка Трајковска. Рекоа дека таа цело време била против нивното барање за линеарно покачување на пензиите кое новата Влада го прифати, а таа нудеше процентуално зголемување само од 5,3 отсто, износ кој веќе е изеден од инфлацијата во изминатите неколку месеци.

    Истовремено, на средбата во Штип беа повикани и пензионерите од сите здруженија во државата кои биле за линеарно покачување да се организираат и на 3 септември да се соберат пред Сојузот на пензионерите во Скопје, a ако претседтелката дотогаш не си даде оставка тие ќе ја разрешат и неа и целото раководство.

    Пензионерите бараат коренити промени на пензискиот систeм, а од државните институции, државниот ревизор, финансиската полиција бараат да извршат комплетен увид во досегашната работа на Здруженијата и на целиот Сојуз, како се трошеле пензионерските пари, бидејќи тие како здруженија имаат месечен прилив од еден милион евра, а според нивни сознанија голем дел од овие средства оделе во приватни џебови.

    Исто така, пензионерите ќе бараат и намалување на мандатите на претседателите на 2 години, затоа што во праксата долги години во повеќе Здруженија се случувало поединци во раководствата да имаат по 3,4 или 5 мандати во траење од по 4 години. Претставникот од Свети Николе рече дека таков случлај е и со неговиот град, чие здружение од осомостојувањето па досега поминало само со 2 претседатели.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира