ПЕТ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА 18-ГОДИШНА ДЕВОЈКА КОЈА ПРЕДИЗВИКА СООБРАЌАЈКА СО ЕДНА ЖРТВА БЛИЗУ КАВАДАРЦИ, УАПСЕНА Е ВО ГЕРМАНИЈА ПО БЕГСТВОТО

    ПЕТ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА 18-ГОДИШНА ДЕВОЈКА КОЈА ПРЕДИЗВИКА СООБРАЌАЈКА СО ЕДНА ЖРТВА БЛИЗУ КАВАДАРЦИ, УАПСЕНА Е ВО ГЕРМАНИЈА ПО БЕГСТВОТООбвинетата, која сообраќајката ја стори на 18-годишна возраст, била лоцирана во Германија каде била уапсена, се наоѓа во имиграционен притвор и веќе е започната постапка за нејзино испорачување во Македонија, вели судот во Кавадарци. (Фото: СДК.МК)

    Обвинетата В. З. (20) од Градско доби пет години затвор за сообраќајката која пред 15 месеци се случи во близината на Кавадарци. Нејзе ѝ се судеше во отсуство, за кривичното дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Во Основниот суд Кавадарци беше прогласена за виновна и беше изречена и забрана за управување со моторно возило од „Б“ категорија за период од 5 години.

    Обвинетата В. З., која сообраќајката ја стори на 18-годишна возраст, била лоцирана во Германија каде била уапсена, се наоѓа во имиграционен притвор и веќе е започната постапка за нејзино испорачување во Македонија.

    „Пресудата не е правосилна од причина што е поднесена жалба од бранителот кој ѝ е поставен по службена должност. Возачот е прогласен за виновен со донесената пресуда, истиот возел брзо, преминал на другата коловозна лента, но не бил под дејство на алкохол или опијати. Кривичниот совет, а со оглед на тоа што обвинетата не е достапна, издаде потерница по која постапката е во тек за нејзино доведување“, соопшти Основниот суд Кавадарци.

    Сообраќајката се случи на 5 ноември 2024, во близината на село Рибарци, Општина Росоман, во 08:45  часот на регионалниот пат Кавадарци-Росоман, кога возилото „сеат“ кое го возела В. З.  удрило во возило „опел“ каде почина сопатникот Марјан Петровски (40 год) од Велес, а две лица, возачот од „опелот“ и сопатничката на 18 години од возилото на обвинетата, имаа тешки телесни повреди –  политраума.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира