ПЕТМИНА БИТОЛЧАНИ ПОЧИНАА ОД КОВИД-19 ВО ЧЕТВРТИОТ БРАН, БИТОЛА МЕЃУ ГРАДОВИТЕ СО НАЈВИСОК ПРОЦЕНТ НА ВАКЦИНИРАНИ

    ПЕТМИНА БИТОЛЧАНИ ПОЧИНАА ОД КОВИД-19 ВО ЧЕТВРТИОТ БРАН, БИТОЛА МЕЃУ ГРАДОВИТЕ СО НАЈВИСОК ПРОЦЕНТ НА ВАКЦИНИРАНИПрва доза примиле 54,5% од возрасните битолчани (Фото: СДК.МК)

    Петмина битолчани досега ја изгубиле битката со ковид-19 во овој четврти бран на пандемијата, предизвикан главно од делта сојот. Според официјалните статистики на Министерството за здравство, во изминатите два месеца починале пет заразени лица во Битола, сите во август.

    Од појавата на болеста починале вкупно 310 битолчани. Во ноември лани, само во два дена починаа 10 битолчани, од кои најмладиот на 44 години.

    Здравствените работници сметаат дека намалената смртност кај битолчани се должи на големиот процент на вакцинација. Според податоците на Институот за јавно здравје, досега се аплицирани 115.000 дози во Битола. Таа е прва меѓу градовите во внатрешноста по бројот на имунизирани жители со две дози – 35 611. Прва доза примиле 54,5% од населението над 18 години.

    Од Здравствениот дом велат дека интересот за вакцинација се намалува зашто голем е процентот на веќе вакцинирани лица и нема гужви пред пунктовите како претходно.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира