Досегашниот директорот на РЕК „Битола“ Златко Ќурчиевски е разрешен од функцијата и на негово место за в. д. директор е назначен Пеце Матевски, досегашен директор на Термоелектрана. Ќурчиевски беше директор на РЕК повеќе од две години, поставен на тоа место по заминувањето на Васко Ковачевски за генерален директор на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ).
На седница на Управниот одбор на АД ЕСМ, покрај во РЕК „Битола“ донесена е одлука за кадровски промени и во РЕК „Осломеј“. Во „Осломеј“ разрешен е директорот Златко Пиперкоски и на негово место за в. д. директор е назначен Стојан Мицкоски, досегашен технички директор во Рудници.
„Во следните денови ќе бидат извршени и други кадровски поместувања внатре во комбинатите, со цел подобрување на процесот на производство и соочување со предизвиците од енергетската криза“, соопштија од ЕСМ.
Ж. ЗДРАВКОВСКА