ПИТАЧЕЊЕ ВО ВЕЛЕС ИМА, НЕМА РЕАКЦИЈА ОД ПОЛИЦИЈАТА, НИТУ ОД СОЦИЈАЛНИТЕ СЛУЖБИ

    ПИТАЧЕЊЕ ВО ВЕЛЕС ИМА, НЕМА РЕАКЦИЈА ОД ПОЛИЦИЈАТА, НИТУ ОД СОЦИЈАЛНИТЕ СЛУЖБИОд велешката полиција велат дека знаат за проблемот и најавуваа дека наскоро ќе биде решен, согласно законските можности. (Фото: СДК.МК)

    Две години во градот нема изречено казни за питачење, пишува во годишниот извештај на Полициска станица Велес, кој се најде пред советниците во општината. За 2020 и 2021 година кај криминалитетот, за кривичното дело питачење графите се празни.

    „Сите сме сведоци дека на повеќе локации во градот питачење има. И тоа организирано, цели семејства, а полицијата ја нема. Треба реакција и од Центарот за социјални грижи, кои се неми посматрачи на ова дело“, рече Игор Смилев, советник.

    Од велешката полиција велат дека знаат за проблемот и најавуваа дека наскоро ќе биде решен, согласно законските можности.

    „Праќавме патроли да ги бркаме. Не можеме како униформирано лице да приведеме деца без присуство на социјален работник и адвокат за малолетник Тоа ни ја отежнува работата. Сега работиме преку инспекторката за малолетничка деликвенција, да утврдиме чии се тие деца што питачат таму, за да можеме да постапуваме. Дали родителите се од Велес или доаѓаат од страна, оти децата не можеме да ги казнуваме треба родителите. Мислам дека работите ќе ги доведеме во ред“ , кажа Александар Колев командир на ПС Велес.

    П. ПЕЧКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира