„Пивара Скопје“ денеска ја пушти во употреба новата катна паркинг гаража, која обезбедува повеќе од 400 паркинг места и ја подобрува пристапноста и сообраќајната организација во рамки на производствениот комплекс. Изградбата на катната гаража чинеше 2,8 милиони евра. Инвестицијата е дел од е дел од континуираните инвестиции и одговара на растечките потреби на компанијата и нејзините вработени преку поефикасно искористување на просторот, поголема функционалност и подобрена оперативна ефикасност.
„Во ‘Пивара Скопје‘ веруваме дека вистинскиот успех на една компанија не се мери само преку деловните резултати, туку и преку вредноста што ја создава за луѓето и за заедницата. Како една од водечките компании во земјата, континуирано инвестираме во модернизација, иновации и развој на нашите вработени, а истовремено придонесуваме за економскиот и општествениот развој преку бројни локални партнерства и иницијативи. Новата катна гаража е многу повеќе од инфраструктурен објект. Таа е уште една потврда на нашата долгорочна посветеност да создаваме подобри услови за работа, да ги следиме највисоките стандарди за безбедност и да инвестираме во решенија кои носат трајна вредност за нашите вработени, заедницата и идните генерации“, изјави Огњен Лазиќ, генерален директор на „Пивара Скопје“.
Градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски рече дека Општина е силен партнер на бизнис-секторот и посветено работи на создавање услови за локален економски развој, нови инвестиции и отворање нови можности за граѓаните.
„Соработката со успешните компании и бизнис-партнери е од особено значење за развојот на општината. Нашата цел е да градиме отворена и ефикасна општина која ги препознава потребите на стопанството и заеднички создава подобра средина за живеење и работење. Честитки до Пивара Скопје за оваа инвестиција и за продолжувањето на успешната приказна. Верувам дека со заедничка работа можеме да направиме Гази Баба да биде уште подобро место за бизнис, инвестиции и нови можности“, изјави градоначалникот Стефковски.
Новата катна гаража се простира на 8.880 квадратни метри, распоредени на три нивоа. Објектот располага со унапреден систем за управување со сообраќајот, подобрена сигнализација и осветлување, посебно обележани пешачки и велосипедски патеки, современ систем за противпожарна заштита и енергетски ефикасно ЛЕД-осветлување. Изградена согласно сите релевантни безбедносни и еколошки стандарди, гаражата е подготвена да ги поддржи идните развојни планови на компанијата.
Со оваа инвестиција, „Пивара Скопје“ продолжува да вложува во современа инфраструктура и решенија што создаваат долгорочна вредност, придонесуваат за подобри услови за работа, го поддржуваат идниот раст на компанијата и ја зацврстуваат нејзината позиција како еден од најголемите инвеститори во земјата.
*Kомерцијална објава



