ПЛАТФОРМИТЕ НА МАТКА НЕМА ДА ГИ ЛЕГАЛИЗИРАМ, АМА СЕГА НЕ МОЖАМ ДА ГИ УРНАМ, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА САРАЈ БЕЏЕТИ

    ПЛАТФОРМИТЕ НА МАТКА НЕМА ДА ГИ ЛЕГАЛИЗИРАМ, АМА СЕГА НЕ МОЖАМ ДА ГИ УРНАМ, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА САРАЈ БЕЏЕТИНа прашањето зошто уште не ги одбиле барањата за легализација кои како што вели се поднесени пред една година и се дозволува во меѓувреме тие да се доградуваат и да работат, Беџети рече дека нема законски рокови до кога може да постапи. (Фото: СДК.МК)

    Нема да ги легализирам дивите платформи на Матка, ама не можат да ги урнам оти поднесоа барањето за легализација, рече градоначалникот на Општина Сарај Блерим Беџети на денешниот брифинг во општината за дивите платформи на Матка.

    Беџети кажа дека Општината работела на овој проблем и констатирано е дека на Матка има три бесправно изградени платформи. Но, Беџети вели дека тие не се изградиле сега туку многу одамна и дека тој ги наследил. Вели дека стара е и платформата на почетокот на кањонот за која САКАМДАКАЖАМ.МК на 10 февруари објави дека се гради нова платформа најверојатно за кафуле во Матка.

    „Моите служби ме известија дека на тие две платформи имало процес на менување на даски. За нив две и за платформата кај ресторанот е поднесено барање за легализација. Додека не донесеме одлука дека го одбиваме барањето за легализација и да завршат процедурите за жалби не можам да урнам. Јас треба да работам согласно закон, а не да пресудам со еден збор. Кога ќе каже законот тогаш ќе ги урнеме. Јас мора да бидам претпазлив да не тужат, иако сметам дека правно не можат да не добијат на суд“, рече Беџети.

    На прашањето зошто уште не ги одбиле барањата за легализација кои како што вели се поднесени пред една година и се дозволува во меѓувреме тие да се доградуваат и да работат, Беџети рече дека нема законски рокови до кога може да постапи.

    Беџети рече дека барањата за легализација за првата платформа која е на почетокот на кањонот поднел Исмаил Саиди, за втората кај што се изнајмуваат кајаци Амед Саиди, додека за платформата на ресторанот Федерацијата за планински спортови на Македонија. За оваа платформа е одбиено барањето за легализација, но уште и таа не се урива оти се водел судски спор и додека тој не заврши Беџети нема да интервенира.

    Беџети рече дека градоначалникот на Скопје Петре Шилегов му се меша во Матка, со тоа што му најавил дека ќе формира јавно претпријатие кои ќе се грижи за кањонот.

    „Нема заборават дека без моја согласност ќе формираат такво јавно претпријатие. Не може Град Скопје и Петре на своја рака да земаат надлежности“, рече Беџети.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари