ПО 10 ГОДИНИ ИЗГЛАСАНИ ЗАВРШНИ СМЕТКИ НА БИТОЛСКИТЕ УЧИЛИШТА БЕЗ ДА БИДАТ БЛОКИРАНИ

    ПО 10 ГОДИНИ ИЗГЛАСАНИ ЗАВРШНИ СМЕТКИ НА БИТОЛСКИТЕ УЧИЛИШТА БЕЗ ДА БИДАТ БЛОКИРАНИЗа неполни три години вратени се 4,3 милиони евра долг кој го имаа 18 школи во Битола, од кои дури десет од 2011 и 2012 гопдина до лани работеа со блокирани сметки. (Фото: СДК.МК)

    За првпат после 10 години, Советот на Општина Битола деновиве ги изгласа завршните сметки на основните и средните училишта без тие да бидат блокирани. За неполни три години вратени се 4,3 милиони евра долг кој го имаа 18 школи во Битола, од кои дури десет од 2011 и 2012 гопдина до лани работеа со блокирани сметки.

    „Согласно Законот за финансиска поддршка на општините за отплата на заостанатите долгови, Владата на општина Битола уште лани ѝ додели над 2,5 милиони евра, а дополнителни 1,8 милиони евра беа издвоени од буџетот на Општината, со што за првпат од 2011 година на седница на Совет зборуваме за училишта кога ни едно од нив не е е со блокирана сметка. За момент, хипотетички да помислиме што би можело да се случи со тие 4,3 милиони евра кои се дадоа за покривање на наследените долгови од претходната власт во битолското образование. Со нив ќе се унапредеше наставниот и воспитниот процес, ќе се применеа информатички технологии во училиштата“, рече советничката Емилија Костурска, заменик-градоначалник на Општина Битола.

    Таа појасни дека 18 основни и средни училишта од 2011 и 2012 до 2019 кон доверителите и Општината должеа 4,4 милиони евра. Подетално посочи дека ОУ „Крсте Петков Мисирков“ од село Бистрица во периодот 2012 до 2017 година само за извршни трошоци и камати вкупно должело 3,1 милион денари и било со блокирана сметка. Основните училишта „Климент Охридски“, „Гоце Делчев“ од Битола, „Александар Турунџев“ од Кукуречани, секое одделно се со долг од 1,1 милион денари и блокирани сметки. Понатаму, Средното општинско училиште „Таки Даскало“ со блокирана сметка од 2012 година, а Медицинско училиште од 2011 година и други училишта.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира