Петнаесет месеци по големото невреме што го зафати Охрид, локалната власт реши да го санира пристаништето, на кое имаше видливи оштетувања.
„Наши екипи ги вадат од водата камењата кои се одронаа од пристаништето и ги заменуваме оштетените. Градежниот дел ќе го изврши ‘Нискоградба‘. Ние ја обезбедивме потребната механизација”, вели директорот на „Охридски комуналец”, Љупчо Грданоски.
На 17 март 2018 година, Охрид го зафати големо невреме со силен ветер. Тогаш беа поплавени и оштетени многу угостителски објекти на брегот, а настрада и пристаништето.
„Оштетувањата на пристаништето не ја загрозуваа безбедноста на пловидбата. Не беа потребни големи зафати за негова санација”, кажа капетанот на Капетанијата на македонските пристаништа Горан Устијаноски.
Д. ЧУБРИЌ