По 30 години, Штип ќе добие нова градинка. Ќе биде изградена во текот на 2018 и ќе има капацитет за згрижување на 200 деца. Новата градинка ја најави градоначалникот на Штип Благој Бочварски, кој рече дека сега толкави се потребите затоа што околу 200 деца чекаат место за престој во градинка.
„Градинката ќе се гради во населбата Сењак, за што веќе е изготвен проект и како објект од посебно значење веќе е внесен во ДУП. Вкупната инвестиција е 36,8 милиони денари. 16 милиони денари се безбедени од Источно-планскиот Регион преку програмата за рамномерен развој на локалните единици, а останатите средства ќе се обезбедат од буџетот на Општината и од Министерството за труд и социјална политика“, вели Бочварски.
Новата градинка ќе биде осма во градот. Постојните седум се распоредени во сите населби. Новата градинка ќе биде урбано надополнување, затоа што ќе се гради во нова населба чија станбена изградба интезивно се шири.
Т. ЈОВАНОВСКИ