ПО БОЈАТА, ЈАЈЦАТА И ТУШИРАЊЕТО, ФИЛИП ВТОРИ ВО БИТОЛА НАСТРАДА И ОД ВЕТЕР

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПО БОЈАТА, ЈАЈЦАТА И ТУШИРАЊЕТО, ФИЛИП ВТОРИ ВО БИТОЛА НАСТРАДА И ОД ВЕТЕР

    Го гаѓаа со јајца, Шарените револуционери го боеја, од Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ го капеа, вандали на него исцртаа полови органи, за на крај и ветерот да го оштети откорнувајќи дел од мермерниот постамент. Ова е само дел од патешествието што го мина споменикот на античкиот владетел Филип Втори во центарот на Битола.

    Филип обоен1.

    За време на Шарената револуција револтот беше истурен и врз споменикот.

    Властите го поставија пред пет години со цел да биде гордост на градот зашто според некои истражувачи ја основал Хераклеја. Но, споменикот за кусо време се руинираше. Се изронија делови од постаментот, а оштетени се и дел од плочките околу него.

    Можеби заради централното место, можеби заради поделеноста на граѓаните меѓу власта и опозицијата и меѓу античките Македонци и Словените, граѓаните често пати го користат за да ги искажат своите мисли, огласи, реакции.

    За време на протестите од Шарената револуција против аболицирањето на градоначалникот Валдимир Талески, револтот беше истурен и врз споменикот, па Шарените го бојосаа во различни бои. Другиот ден од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ се собраа, како што тврдеа доброволно, да го искапат.

    Го чистеа со сунѓери и хемиски средства, им помагаше дури и еден маж, кој со црево го тушираше. Битолчани уште ја паметат изјавата што тогаш пред камерите ја даде пензионерката Славица Стојановска, која Филип Втори го нарече наш потомок и борец за слободна Македонија.

    Фото: СДК.МК

    На споменикот се лепеа огласи за продажба на станови летки со проблемите на дијабетичарите во Битола.

    Споменикот како да беше огласна табла. На него се лепеа огласи за продажба на станови, летки со проблемите на дијабетичарите во Битола, па дури и слики со Владо Черноземски, атентаторот на кралот Александар Караѓорѓевиќ.

    Изминатата година никој не го заштити споменикот кој општината ја чинеше неколку стотици илјади евра. Оттука и не е чудно што под налетот на ветерот се откорнаа делови од постаментот, иако ветерот не оштети ни еден друг споменик во Битола.

    Сега од општината велат дека ќе го санираат.

    „Дождот и ветерот ги предизвикаа оштетувањата, а не вандали. Наши екипи излегоа на терен и со тековното одржување ќе се санираат штетите“, изјавија од општина Битола.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира