Утрово во 6,20 часот исчистен е одронот на автопатот делница Катланово- Велес, кај месноста Ветерско, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
„Сообраќајот на патниот правец Скопје-Велес после тунелот Катланово, поточно месноста викана Ветерско, кој поради голем карпест одрон синоќа беше во прекин од 6.20 часот утрово е целосно нормализиран за сите категории на возила“, соопшти ЦУК.
Одронот на земја, кој се случи после обилните врнежи деновиве, го чистеле екипи на ЈП Македонија пат од Скопје и од Велес од двете страна на автопатот. Од ЈП Македонија пат поставени се сообраќајни знаци за претпазливо возење, бидејќи се можни нови одрони.
П. ПЕЧКОВ