ПО ДВЕ ДЕЦЕНИИ, ВЕВЧАНИ ПОВТОРНО ЌЕ УПРАВУВА СО ВЕВЧАНСКИТЕ ИЗВОРИ

    ПО ДВЕ ДЕЦЕНИИ, ВЕВЧАНИ ПОВТОРНО ЌЕ УПРАВУВА СО ВЕВЧАНСКИТЕ ИЗВОРИВевчанските извори во 1999 беа прогласени за природна реткост со особена важност и споменик на природата (Фото: Википедија)

    По две децении, Вевчанските извори се вратени во надлежност на Општина Вевчани. Ова ремек-дело на природата во 1999 година со одлука на тогашниот Совет на Општина Вевчани беше прогласено за природна реткост со особена важност и споменик на природата, а од 2012 година со него управуваше државата.

    Советот на Општина Вевчани го усвои Планот за управување со Вевчанските извори. На седницата присуствуваа и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, евроамбасадорот Самуел Жбогар и постојаната претставничка на УНДП во земјата Нарине Сахакјан.

    „Во рамките на Општината ќе формираме посебно одделние со ренџерска служба, задолжена за грижа за оваа природна реткост. Ќе биде ангажиран и шумарски инженер кој ќе ја набљудува состојбата со биодиверзитетот, како и советник за еко и рурален туризам”, кажа градоначалникот Сашо Јанкоски.

    Амбасадорот на ЕУ Самуел Жбогар рече дека ваквите примери покажуваат како една мала заедница може да биде лидер и да демонстрира како се живее во хармонија со природата.

    Д. ЧУБРИЌ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира