ПО ДВОНЕДЕЛЕН КАРАНТИН, ЛИЦАТА ВРАТЕНИ ОД СТРАНСТВО ПОЧНАА ДА ГО НАПУШТААТ ВЕЛЕШКИОТ ХОТЕЛ „МОНТЕНЕГРО“

    ПО ДВОНЕДЕЛЕН КАРАНТИН, ЛИЦАТА ВРАТЕНИ ОД СТРАНСТВО ПОЧНАА ДА ГО НАПУШТААТ ВЕЛЕШКИОТ ХОТЕЛ „МОНТЕНЕГРО“Досега ниту еден од 70-тината лица во карантин во хотелот „Монтенегро“ не покажал знаци на присуство на КОВИД-19. (Фото: СДК.МК)

    Лицата кои се вратија од странство, од вчера почнаа да го напуштаат хотел „Монтенегро“ кај Велес, откако две седмици беа во државен карантин. Досега ниту кај еден од 70-те лица нема знаци дека имаат КОВИД-19. Тие беа 24 часа две недели под силна  здравствена и безбедносна контрола.

    Вчера замина првата група од 42 лица, сите повратници од Малта, денес заминуваат 17 лица, повратници од Хрватска, Србија, Италија, Швајцарија, Германија, Бугарија. Во текот на викендот ќе заминат и останатите десетмина, кои во овој објект беа во карантин, а по нивното враќање од странство кое го овозможи МНР. За нивната здравствена состојба се грижеа лекари од Здравствен дом Велес и од Општа Болница Велес, кои наизменично дежураа по 24 часа во објектот.

    Досега ниту еден од 70-тината лица во карантин во хотелот „Монтенегро“ не покажал знаци на присуство на ковид-19. Ним секојдневно им се вршени здравствени прегледи од дежурна екипа од лекар и медицинска техничар.

    „Дел по дел, лицата што доаѓаа сега си заминуваат. Тие се наоѓаа под континуиран државен карантин. Продолжуваме со медицинско обезбедување на овие лица согласно насоките на Министерството за здравство“, изјави д-р Страхил Тодоров портпарол на Здравствен дом Велес.

    Објектот беше обезбедуван од АРМ и МВР и за изминатите две седмици не е регистриран никаков инцидент. Согласно насоките на Министерството за здравство, овие лица го напуштаат хотелот во периодот после 16 часот во времето на полициски час, кога заминуваат со полициска придружба.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира