ПО НОЌНОТО, ВОВЕДУВAME И ЗИМСКО АСФАЛТИРАЊЕ ЗА ДА НЕМА ПРЕКИН НА РАБОТИТЕ ОД НОEМВРИ ДО МАРТ, НАЈАВИ ДИРЕКТОРОТ НА ДРЖАВНИ ПАТИШТА КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ

    ПО НОЌНОТО, ВОВЕДУВAME И ЗИМСКО АСФАЛТИРАЊЕ ЗА ДА НЕМА ПРЕКИН НА РАБОТИТЕ ОД НОEМВРИ ДО МАРТ, НАЈАВИ ДИРЕКТОРОТ НА ДРЖАВНИ ПАТИШТА КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИКоце Трајановски и градоначалникот на Штип Иван Јорданов извршија увид на веќе започнатите работи за рехабилитација на регионалниот пат од Штип до селата Стар Караорман, а потоа и до Таринци во Општина Карбинци. (Фото: СДК.МК)

    Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДПМ) Коце Трајановски вели дека е почната градежна офанзива во која се вклучени базите на сите подружници на Јавното претпријатие „Македонија пат“. Тие главно ќе работат на реконструкција и рехабилитација на голем број регионални патишта и на изградбата на веќе планираните обиколници кај повеќе градови низ државата, за да растовари сообраќајот за голем број возила кои сега поминуваат низ централните градски подрачја. Додаде дека се планирани обиколници кај Кавадараци, потоа кај Ресен и кај Битола кон Меџитлија.

    Според Трајановски, повеќе градежни компании веќе набавиле адитиви за асфалтирање и на пониски температури преку зимата кога времето е суво без врнежи.

    „Се спроведува и ноќно асафлтирање, како што е случајот со работите на патот Страцин кон Крива Паланка, делница која е дел од Коридор 8. На истиот коридор се планира наскоро да започне и проектирањето на патот од Куманово до Страцин, а во тек е евалуација на патот Скопје-Блаце за кој очекуваме во април или мај идната година да се распипше тендер. Во тек е евалуација и на патот од Кичево за Гостивар, а во исто време се работи и на планската документација на патот од Требеништа до границата со Албанија, за кој се водат прелиминарни разговори со Владата на Албанија затоа што на оваа делница ќе има и тунел, потоа на патот од Градско до Дреново, а интезивно се работи и на патот Кичево-Охрид, па се надевам дека за идното лето во функција ќе биде барем едната страна од овој патен правец“ , рече Трајановски.

    Тој денеска со градоначалниците на Штип, Иван Јорданов и на Карбинци Виктор Паунов, ги означија работите за реконструкција и на места проширување на регионалниот пат 24-34 од Штип до селото Таринци во Општина Карбинци за што ќе бидат потрошени 40 милиони денари од ЈП за државни патишта. Изведувач на работите е ЈП „Македонија пат“ подружница Штип.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира