ПО ПАНДЕМИЈАТА И ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА СЛЕДИ СТАБИЛИЗИРАЊЕ НА ТУРИСТИЧКИОТ ПАЗАР, ВЕЛАТ ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ПОДДРШКА И ПРОМОЦИЈА НА ТУРИЗМОТ

    ПО ПАНДЕМИЈАТА И ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА СЛЕДИ СТАБИЛИЗИРАЊЕ НА ТУРИСТИЧКИОТ ПАЗАР, ВЕЛАТ ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ПОДДРШКА И ПРОМОЦИЈА НА ТУРИЗМОТСпоред најавите, годинава се очекува да се реализираат 3,2 милиони ноќевања. - Охридско езеро (Фото: СДК.МК)

    Со пораст од 20 до 40 проценти на бројот на туристи од традиционалните пазари годинава се очекува далеку подобра туристичка сезона во споредба со минатите три години, кажаа на денешната средба во Охрид претставници на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот (АППТ) и тур-операторите. Според најавите се очекува да се реализираат 3,2 милиони ноќевања.

    Од АППТ велат дека следи стабилизирање на туристичкиот пазар по ковид пандемијата и енергетската криза.

    „Тоа се должи на уште поголемиот интерес на тур- операторите со кои соработуваме, новите линии кои се воведуваат и за Охрид и за Скопје, но и новите пазари со кои што имаме одлични конекции. Се надеваме и на поголем број на кружни патувања во 2023 година во рамките на отворениот Балкан“, вели Љупчо Јаневски, директор на АППТ.

    Туристичкиот сектор веќе работи на збогатување на туристичката понуда за привлекување на што повеќе туристи. Во фокусот се еко, гастро и руралниот туризам.

    „Силен фокус во ребрендирање на туристичката дестинација, саемските манифестации заедно со тур-операторите, нудење на различен сегмент на туристичка понуда, бидејќи новата реалност во туристичката индустрија покажа сосема поразлично лице и поразлични интереси на туристите во дестинацијата. Се прилагодуваме на промените но создаваме и нови вреднсоти во туристичката индустрија со кои што во светски рамки се разликуваме од останатите дестинации“, истакна Јаневски.

    Тој кажа дека во 2022 година исплатени се комплетно субвенциите кон тур-операторите.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира