ПО ПЕТ ГОДИНИ ВО ГАРАЖА, ОТКРИЕН СПОМЕНИКОТ НА АТАТУРК ВО ВЕЛЕС

    ПО ПЕТ ГОДИНИ ВО ГАРАЖА, ОТКРИЕН СПОМЕНИКОТ НА АТАТУРК ВО ВЕЛЕССпоменикот е подарок од турскиот град Адалар за Велес и се наоѓа во паркот на пријателството Каршијака, донација од истоимената турска општина.За возврат, во Адалар ќе биде поставен споменик на Кочо Рацин (Фото: СДК.МК)

    За Денот на  настава на турскиот јазик 21 Декември,  Општина Велес го постави споменикот на таткото на модерна Турција Кемал Ататурк. Тој е подарок од турскиот град Адалар за Велес и се наоѓа во паркот на пријателството Каршијака, донација од истоимената турска општина.  Откако пет години беше чуван во гаража, тој денес е поставен во Велес.

    „Велес е град кој ги чува своите вредности, во богатството на различностите.  Нашиот Ќупурли, градот на мостови е израз на сочуваните вредности на културата и уметноста,  на јазикот на турскиот народ кој  и денес живеат во секојдневниот  говор на велешани како   наследство. По многу перипетии, овој споменик ја виде светлината на денот. Ататурк не е само творец на модерна Турција, туку тој е еден од најзначајните ликови на модерната цивилизација. Но ќе биде и магнет за бројните туристи од Турција кои доаѓаат во Македонија, освен во Битола и Скопје да го посетуваат и Велес“, кажа градоначалникот Аце Коцевски.

    Велес е збратимен со три турски општини Адалар, Каршијака и Чам, каде има и живеат  голем број иселеници од велешко.  Чидем Ѓулу, советник за култура во Амбасадата на Република Турција во Скопје, изрази благодарност на градот Велес  што го постави  споменикот на Ататурк. За возврат, во Адалар  ќе биде поставен споменик на Кочо Рацин, кој веќе бил излиен. Останува само да се прецизира денот на откривањето.

    „Пресреќен сум што имав можност да бидам присутен на откривањето на споменикот на Ататурк, во мојот роден Велес. Голема благодарност што градоначалникот Коцевски што се надмина себеси и го постави споменикот. Морам да кажам дека постарата генерација иселени македонски Турци во Турција сака да се врати на родното огниште и тука да живее, но мора државата да ги регулира тие двојни државјанства“, рече Бесим Ахмедов, член на Советот на Општина Велес.

     П. ПЕЧКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира