ПО ПОВЕЌЕ ГОДИНИ ВЕТУВАЊА, ЗАТВОРЕНА АВТОПЕРАЛНАТА КОЈА ГО ПОПРЕЧУВАШЕ ПРИСТАПОТ ДО УЧИЛИШТЕ ВО ТЕТОВО

    ПО ПОВЕЌЕ ГОДИНИ ВЕТУВАЊА, ЗАТВОРЕНА АВТОПЕРАЛНАТА КОЈА ГО ПОПРЕЧУВАШЕ ПРИСТАПОТ ДО УЧИЛИШТЕ ВО ТЕТОВОИнспекторите од општинскиот инспекторат денеска ја затворија пералната (Фото: СДК.МК)

    По долги години безуспешни обиди и голем број ветувања од локалните власти, конечно е затворена пералната за автомобили која се наоѓаше пред влезот на основното училиште „Братство-Миџени“ во Тетово.

    Против овој објект со години се жалеа родителите на учениците бидејќи тротоарот секогаш беше узурпиран од паркирани автомобили оставени за перење, па децата мораа да се движат по улицата. Поранешната градоначалничка Теута Арифи, чија администрација ја издала дозволата за работа на пералната токму на ова место, многупати најавуваше дека ќе ѝ ја забрани работата, но никогаш не го направи тоа. Денеска дојдоа инспекторите од општинскиот инспекторат и ја затворија пералната.

    „Долгогодишниот проблем со пералната до школото ‘Братство-Миѓени‘ конечно е решен! Општинскиот инспекторат денеска ја затвори пералната, која не само што го узурпираше тротоарот, туку го попречуваше слободното движење на граѓаните и претставуваше опасност за учениците. Затворањето на оваа автоперална доаѓа по бројните поплаки на граѓаните од околината и родителите на учениците од ова училиште, кои побараа од општината да интервенира и да создаде нормални услови за слободно движење“, објави градоначалникот Билал Касами на Фејсбук.

    З. АНДОНОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира