ПО СМРТТА НА НОВОРОДЕНЧЕТО, ДИРЕКТОРОТ НА БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА ЌЕ ДАДЕ ОСТАВКА ОД МОРАЛНИ ПРИЧИНИ

    ПО СМРТТА НА НОВОРОДЕНЧЕТО, ДИРЕКТОРОТ НА БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА ЌЕ ДАДЕ ОСТАВКА ОД МОРАЛНИ ПРИЧИНИОбедниковски, кој е специјалист-ортопед, на чело на болницата е нецела година. (Фото: СДК.МК)

    Директорот на Клиничката болница од Битола, Александар Обедниковски, одлучи да си поднесе оставка по втората трагедија што се случи во оваа установа, односно по смртта на новороденчето кое почина вчера на Одделението за гинекологија. Оставката од морални причини ќе ја поднесе oфицијално утре. Обедниковски, кој е специјалист-ортопед, на чело на болницата е нецела година.

    По веста за смртта на бебето, болницата денес ја посети министерот за здравство Фатмир Меџити и најави дека од утре ќе има вонреден инспекциски надзор Државниот здравствен и санитарен инсекторат (ДЗСИ), за да се утврдат причините за смртта на новороденчето.

    „Според првичниот извештај, бебето било живо родено со брадикардија. Имало белодробно срцево оживување и понатаму сè ќе кажеме кога ќе имаме дефинитивно и резултати од институциите одговорни за здравство“ , рече министерот Меџити.

    Тој денес се сретна и со родилката во болницата и изрази сочуство до семејството. Но, во изјавите дадени за медиумите по посетата не беше најавена оставка на директорот.

    Битолската болница е во фокусот на јавноста последниот месец откако на 22 март на Одделението за педијатрија почина 5-годишната Јана Христовска откако прими инфузија и ѝ се покачи шеќерот, а вчера и штотуку родено новороденче на 24-годишна родилка од Битола.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира