ПОЧИНА БИТОЛЧАНЕЦОТ КОМУ ПРЕД ДВА МЕСЕЦА МУ ИЗГОРЕА ЖЕНАТА И СИНОТ

    ПОЧИНА БИТОЛЧАНЕЦОТ КОМУ ПРЕД ДВА МЕСЕЦА МУ ИЗГОРЕА ЖЕНАТА И СИНОТСоседите велат дека таткото живеел во тоалетот кој што пожарот најмалку го оштетил. (Фото: СДК.МК)

    Во урнатините од опожарената куќа, денес почина битолчанецот Томе А. (60), неполни два месеца откако во пожар во куќата на улицата „Девејани“ во Битола живи изгореа неговата сопруга Фатма А. и 17-годишниот син Дарко А.

    Таткото, кој беше болен од рак, по пожарот кој избувна на 29 јануари годинава, беше префрлен во битолската болница, а потоа сместен во прифатилиште за бездомници. Откако здравјето му се влошило побарал последните денови да ги мине во својот дом и за тоа потпишал и документ. Се вратил во опожарената куќа, каде што немал услови за пристоен живот. Според раскажувањето на соседите, живеел во тоалетот кој што пожарот најмалку го оштетил.

    Попладнево соседите пријавиле во Итната медицинска помош и во Центарот за социјални работи дека го затекнале мртов. По, ова медицински лица од Брза помош констатирале дека битолчанецот е починат.

    Пред неполни два месеца, околу 4 часот утрото избувна пожар во нивната семејна куќа на периферијата од Битола. Мајката и синот живи изгореа во куќата, додека таткото бил во тоалет, а кога излегол веќе било предоцна. До денес во јавноста не се соопштија причините за смртта.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира