Во 86-тата година од животот почина Македонка Јанчевска, објави нејзиното семејство. Таа беше истакната македонска поетеса, авторка на 13 дела за деца. Напиша повеќе збирки поезија за најмладите, како и текстови за песни изведени на детски фестивали. Долги години беше дел од организацијата на „Детските Рацинови средби“ во Велес и директорка на Пионерскиот дом „Ѓоре Органџиев“.
Добитничка е на општинската награда „9 Ноември“ и на наградата „Коле Неделковски“ на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“, чиј член беше. Исто така, беше членка и на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ). По нејзина поема, велешкиот театар во 2021 година ја подготви детската претстава „Шумска болница“, која подоцна беше објавена и како сликовница.
Погребот е закажан за понеделник, во 12 часот, во црквата „Св. Пантелејмон“ во Велес.
П. ПЕЧКОВ



