Почина прилепчанец кој од коронавирусот се лекувал на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје, соопштија од Општина Прилеп. Од таму велат дека починатиот е повозрасен маж.
Во Прилеп во изминатите 24 часа регистрирани се осум нови заразени со коронавирус. На Инфективното одделение во Општата болница „Борка Талески“ во моментов се седум лица, од кои пет се со позитивен наод, а на две лица им е земен брис и се чекаат резултати. Сите седум лица се со средно тешка клиничка слика.
На територијата на Општина Прилеп во самоизолација се 264 лица. Во текот на ноќта и денешниот ден, не се забележани случаи на непочитување на на полицискиот час и на самоизолацијата.
Ж. ЗДРАВКОВСКА