Како што беше најавено, на почетокот на 2020 година почна чистењето на затнатиот колектор за заштита на Охридското Езеро од отпадни и загадени води.
Повеќе години колекторот работи со само 20 отсто од програмираниот капацитет, бидејќи во него долго време не се вршени темелни зафати за нормално функционирање. Затоа не беше чудно што од шахтите излегуваа фекалии, а црпните станици едвај работеа.
„Обележување, пристапни патишта, снимање и прочистување на цевководот, отстранување на корења и нечистотии, прочистување на препумпни станици… Ова е само почетокот на досега најголемата санација на со години запуштениот систем за заштита на нашиот бисер. Систем во тотален колапс. Систем за кој рековме дека ќе го вратиме во нормала, систем кој уште долги години ќе го заштитува езерото”, вели Владимир Алексијоски, директорот на новоформираното јавно претпијатие „Колекторски систем”.
Колекторот за заштита на Охридското Езеро во 1970-ите беше граден и со самопридонес на охриѓани.
Д. ЧУБРИЌ