ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УНИВЕРЗАЛНА САЛА ОТКАКО АРСОВСКА ЈА СТОПИРАШЕ ПРЕД ДВЕ ГОДИНИ 

    ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УНИВЕРЗАЛНА САЛА ОТКАКО АРСОВСКА ЈА СТОПИРАШЕ ПРЕД ДВЕ ГОДИНИ Градежна механизација денеска работеше на расчистување на просторот кој е затрупан со ѓубре. (Фото: К. Попов)

    Денеска продолжи реконструкцијата Универзална сала во Скопје која беше стопирана пред две години, по доаѓањето на функција на градоначалничката Данела Арсовска. Градежна механизација денеска работеше на расчистување на просторот кој е затрупан со ѓубре. Во наредните денови ќе се продолжи со реконструкција на внатрешноста.

    Обновата на концертната сала ја презема Министерството за култура. Сега треба да се доврши надворешноста, па потоа во втората фаза ќе се работи на внатрешноста.

    Универзална сала почна да се реконструира во времето на ексградоначалникот Петре Шилегов. Градежните работи за првата фаза, надворешноста, почнаа во септември 2021 непосредно пред локалните избори. Се работеше нецел месец, по што со доаѓањето на функција на Арсовска работите беа стопирани и салата две години стои разурната и отворена.

    Арсовска тогаш велеше дека нема да ја гради Универзална сала оти проектот на нејзиниот претходник не бил безбеден, за што се искара и со проектантот, со Асоцијацијата на архитекти на Македонија и со министерката Костадиновска-Стојчевска.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира